Skip to content
БИОГРАФИЈА · ПРОФЕСИОНАЛЕН ПРОФИЛ

Мимоза Ќека

Концертна пијанистка · педагог · истражувач · уметничка концепција

Мимоза Ќека е концертна пијанистка, педагог и истражувач, чија работа ги поврзува сценската интерпретација, музичката педагогија, истражувањето и современите модели на концертна продукција.

На 26-годишна возраст се стекнува со титулата Доктор по музичка уметност на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во интерпретацискиот дел од докторскиот проект реализира премиерна изведба на Сонатата за пијано оп. 26 од Самуел Барбер, како и интегрални изведби на Miroirs од Морис Равел и Во маглите од Леош Јаначек.

Истражувачкиот сегмент резултира со трудот The Use of Digital Technologies in Quantitative Analysis of Piano Performance, подоцна објавен како англискојазична публикација. Истражувањето ги поврзува дигиталните технологии со анализата на пијанистичката интерпретација преку параметри како темпо, агогика, динамика, артикулација и допир.

Магистерските студии ги завршува под менторство на проф. Лилија Зилберштајн, а од 2015 до 2017 година учествува на мастер-класи на Accademia Musicale Chigiana во Сиена.

Како солист и камерен музичар настапува во Минхен, Прага, Рим, Париз, Милано, Трст, Сиена, Бристол, Њујорк и Истанбул, како и на значајни фестивали и концертни сцени во Северна Македонија, меѓу кои „Охридско лето“, „Есенски музички свечености“, „Златна лира“, „Денови на македонска музика“ и програмите на Филхармонијата во Скопје.

Нејзиниот репертоар се протега од барокот до современата музика, со посебен интерес за македонското музичко творештво и автори како Томислав Зографски, Димитрије Бужаровски и Александар Џамбазов.

Со седиште во Минхен, Ќека паралелно развива сопствени концертни формати и програмски концепти. Во рамките на Schlosskonzerte Mimoza Keka и Chiemsee Insel Klassik ја обликува уметничката насока, програмската концепција и драматургијата на концертните формати.

Области на професионална активност

Соло рецитал

Репертоар од барокот до музиката на XX и XXI век, со програми изградени како тематски и драматуршки целини.

Камерна музика

Пијано-дуо, четирирачно пијано, две пијана, вокално-инструментални програми и камерни соработки.

Солистички настапи

Како солист со оркестар го изведува Концертот за пијано бр. 2 од Камиј Сен-Санс. Во 2021 го изведува и Концертот за пијано оп. 13 од Бенџамин Бритн во стримуван концерт од Филхармонијата во Скопје, во верзија со пијано придружба.

Македонско музичко творештво

Посебен сегмент од репертоарот и проектната работа е посветен на изведување и меѓународно претставување на македонската пијанистичка и камерна литература.

Хронологија на концерти и уметнички настапи

Документирана концертна активност во Северна Македонија и во странство. Кај настаните за кои постои визуелна документација е овозможен пристап до концертната архива со постери и програми.

2026
6 септември · 15:00

From Shadows to Light – Franz Liszt

Herrenchiemsee · Bibliothekssaal, Altes Schloss / Augustiner-Chorherrenstift

ПОСТЕР / АРХИВА →
2 ноември · 19:00

Звучни хоризонти на Македонија

Скопје · Културно-информативен центар

ПРЕТСТОЕН ТЕРМИН ПОСТЕР / АРХИВА →
30 декември · 16:00

Klänge zwischen den Jahren

Минхен · Johannissaal, Schloss Nymphenburg

ПРЕТСТОЕН ТЕРМИН ПОСТЕР / АРХИВА →
2025
2024
31 август

Пијано-дуо рецитал

Мали Лошињ, Хрватска · Фестивал „Денови на Јосип Кашман“

ФЕСТИВАЛСКИ ПОСТЕР → КОНЦЕРТЕН ПОСТЕР →
1 ноември

Музичка приказна – Јохан Себастијан Бах

Скопје · Национална галерија – Даут-пашин амам

ПОСТЕР → ВИДЕО →
2 ноември

Пијано-дуо рецитал

Скопје · Културно-информативен центар

ПОСТЕР →
2023
1 јуни

Годишен концерт на Оперското студио

Скопје · Концертна сала на Факултетот за музичка уметност

ПОСТЕР → ВИДЕО →
29 август

Солистички рецитал

Истанбул · Nazım Hikmet Cultural Centre

ПОСТЕР →
2022
15 јуни

Солистички рецитал

Њујорк · MC Gallery, Manhattan

ПОСТЕР →
3 септември

Пијано-дуо со Francesca Orlando

Скопје · Музеј на македонската борба

ПОСТЕР → ВИДЕО →
16 септември

Пијано-дуо рецитал

Прага · Jana Deyla Conservatory

ПОСТЕР →
17 декември

Празнична рапсодија бр. 3

Скопје · Камерна сала на Филхармонијата

ПОСТЕР → ВИДЕО →
2021
11 јануари

Солистички рецитал · Равел · Јаначек · Барбер

Скопје · Музеј на македонската борба

ПОСТЕР → ВИДЕО →
29 ноември

Празнична рапсодија бр. 2

Куманово · НУЦК „Трајко Прокопиев“

ПОСТЕР → ВИДЕО →
2019
26 февруари

Пијано-дуо рецитал · Bristol Music Club Spring Concert Series

Бристол, Велика Британија · Bristol Music Club

ПОСТЕР → ВИДЕО →
22 јуни

Солистички рецитал

Скопје · Факултет за музичка уметност

ПОСТЕР →
6 јули

Концерт

Трст, Италија · Casa della Musica

ПОСТЕР →
15 септември

Рецитал · Les Dimanches Musicaux

Париз, Франција

ПОСТЕР →
19 септември

Рецитал · Concerti del Tempietto

Рим, Италија · Sala Baldini

ПОСТЕР →
15 ноември

Камерен концерт · New Cultural Wave

Штип · Безистен

ПОСТЕР →
19 ноември

Соло и камерен концерт · „Есенски музички свечености“

Скопје · Факултет за музичка уметност

ПОСТЕР → ПРОГРАМА →
25 декември

Концерт со ансамблот Contempora на Денови на македонска музика

Скопје · Музеј на македонската борба

ПОСТЕР / АРХИВА →
2018
18 септември

Солистички рецитал

Рим · Teatro Marcello

ПОСТЕР →
15 октомври

Соло пијано и вокален рецитал · New Cultural Wave

Скопје · Музеј на град Скопје

ПОСТЕР →
3 ноември

Есенска бајка · хуманитарен концерт

Скопје · Филхармонија · во поддршка на СОС Детско Село

ПОСТЕР →
6 декември

Концерт со ансамблот Contempora

Штип · Факултет за музичка уметност

ПОСТЕР →
7 декември

Вокално-пијанистичка соработка со Деспина Спировска

Скопје · Факултет за музичка уметност

ПОСТЕР →
2017
3 февруари

Магистерски испит · солистички рецитал

Скопје · Музеј на град Скопје

ПОСТЕР → ПРОГРАМА →
јуни

Магистерски испит · П. И. Чајковски – Концерт за пијано бр. 2

Втор дел од магистерскиот испит

ПРОГРАМСКИ МАТЕРИЈАЛ →
25 октомври

Солистички рецитал · Фестивал „Златна лира“

Скопје · Музеј на град Скопје

ДЕТАЛИ → ПОСТЕР →
24 декември

Концерт со ансамблот Contempora

Скопје · Државен музичко-балетски центар

ПОСТЕР →
2016
3 ноември

Солистички рецитал

Кавадарци · Центар за култура

ПОСТЕР →
2015
јуни

Дипломски рецитал

Скопје · Музеј на град Скопје

ПОСТЕР →
2013
септември

Прв самостоен солистички рецитал · програма „Доаѓаме“

Скопје · Културно-информативен центар

ПРОГРАМА →

Уметнички концепти и авторски проекти

2026

From Shadows to Light – Franz Liszt

Концертен и едукативен проект посветен на музиката на Франц Лист, изграден околу дела како Баладата бр. 2, Петраркиниот сонет бр. 104, Consolation No. 3, Liebestraum No. 3 и Сонатата во h-moll.

Проектот е осмислен за повеќе формати: солистички рецитал, модериран концерт, предавање-концерт, lecture-recital, работилница и семинар.

Во 2026 година проектот има шест јавни презентациски термини во Германија.

ВИДЕО · FROM SHADOWS TO LIGHT · ГЕРМАНИЈА → ВИДЕО · ПРОЕКТ →
2026

Звучни хоризонти на Македонија

Проект насочен кон македонското музичко творештво и негово позиционирање во поширок концертен контекст. Концертот е закажан за 2 ноември 2026 во Културно-информативниот центар во Скопје.

2025

Од барок до современи македонски композитори

Концертен проект што воспоставува дијалог меѓу европската музичка традиција и современото македонско творештво.

Програмата опфаќа дела и обработки од Ј. С. Бах, Франсоа Купрен, Хендл, Марчело и Силоти, како и музика од македонските автори Томислав Зографски, Димитрије Бужаровски и Гоце Начевски.

Проектот е реализиран на 21 ноември 2025 во Националната галерија – Даут-пашин амам во Скопје, со Мимоза Ќека – пијано, Марија Ташевска – сопран и Маријана Бошковска – алт.

2024

Музичка приказна – Јохан Себастијан Бах

Вокално-инструментален проект посветен на музиката на Ј. С. Бах, во кој пијаното, гласот и камерната соработка се поврзуваат во единствена концертна драматургија.

Првата изведба се одржува на 1 ноември 2024 во Националната галерија – Даут-пашин амам во Скопје, со Марија Ташевска – сопран, Маријана Бошковска – алт и Мимоза Ќека – пијано.

2022

Non-Fungible

Соло-албум со дела од Јохан Себастијан Бах, Александар Скрјабин и Самуел Барбер.

Проектот произлегува од концертна програма реализирана во Скопје во 2021 година и претставува уметничко продолжение на интересот на Ќека за односот меѓу интерпретацијата, дигиталното снимање и аналитичкиот пристап кон изведбата.

СЛУШАЈ ЈА СНИМКАТА →
2019–2024

Празнична рапсодија

Циклус соло и камерни концертни програми со тематски и сезонски концепт. Секоја верзија се развива како посебна програмска целина, со фокус на разновиден класичен репертоар, комуникација со публиката и уметнички структуриран концертен формат.

Избрани концертни и проектни видео-записи

Концертни снимки, livestream записи и видео-документација од солистички, камерни и проектни настапи.

Академски и професионален профил

Доктор по музичка уметност

Факултет за музичка уметност · Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Магистерски студии

под менторство на проф. Лилија Зилберштајн

Докторско истражување

The Use of Digital Technologies in Quantitative Analysis of Piano Performance

Accademia Musicale Chigiana

Сиена · 2015–2017

TEME · 2019

Transnational European Musical Entrepreneur · Music Moves Europe · професионална програма за културно претприемништво и музичка продукција

Munich Piano Competition · 2026

Поканета како член на жирито на меѓународниот натпревар за пијано во Schloss Nymphenburg, Минхен.

Награди од државни и меѓународни натпревари

Во текот на нејзиното музичко образование учествува на државни и меѓународни натпревари, од кои се издвојуваат:

2018 Прва награда · лауреат · Меѓународен натпревар по пијано „Акордеон Арт плус“ Сараево · БиХ
2007 · 2010 Прва награда · Државен натпревар по пијано
2008 Втора награда · Меѓународен натпревар по пијано Ниш · Србија
2009 Втора награда · Меѓународен натпревар „Giovanni Talenti“ Сан Бартоломео
2010 Втора награда · Меѓународен натпревар по пијано „Pietro Argento“ Gioia del Colle · Италија
НАГРАДИ И СЕРТИФИКАТИ · PDF →

Избрани критики и професионални осврти

„Нејзината изведба се одликува со јасна и креативна имагинација, со прецизно изработена динамика, артикулација, ритам и исклучително добро изградена пијанистичка техника…“
Докторска комисија · Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
ФМУ – Скопје · Билтен на УКИМ · 1 јуни 2021
„Честитки до Мимоза Ќека, вистинска оркестарска уметничка соработничка, за високо професионален и инспиративен концерт, која целосно ги долови сите суптилности на вокалниот ансамбл, комбинацијата на тембри, емоции, интонација и уметност.“
Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја
јуни 2022
„Пијанист со завидна виртуозност, јасен и многу прецизен ум и висок степен на сценска стабилност.“
Анастасова Чадиковска
Боите на мојата музика · Музички издавачки центар Скопје · 2023
„Ќека фасцинира со емоционалната и физичката сила … и со необјасниво лесен пристап кон генијалната уметничка природа на Лист.“
В. Наумова Томовска · музички критичар
Фестивал „Златна лира“ · Скопје · октомври 2017
Повеќе од рецензијата

„…тој возвишен уметнички чин на видливо изложување на многу детално изведена музичка партитура за Мимоза Ќека беше очигледна; таа со сопствен уметнички фанатизам го победи тој предизвик на грандиозниот Лист — ‘ужасната’ Соната во h-moll, на која ни поискусните пијано мајстори не се приближуваат бидејќи е навистина претешка за изведба.“

„Уникатен рецитал на пијанистката Мимоза Ќека.“ Фестивал „Охридско лето“ · август 2023
„Камерна кохезија на сцената.“ Филхармонија Скопје · јуни 2023
„Пијанистката Ќека приреди емотивна ноќ со својата музика.“ Агенција Анадолу · август 2023
„И навистина се случи една ноќ исто како бајка. Неверојатен концерт полн со емоции и совршено изведени класични дела од Рахманинов, Чајковски и Равел.“ СОС Детско Село – Скопје · ноември 2018

Избрани интервјуа и медиумски разговори

Дигитализирани интервјуа и медиумски прилози од печатени и онлајн изданија.

Од сценска практика до музичка едукација

Паралелно со концертната активност, Ќека се занимава со пијано-педагогија и работа со млади музичари. Во нејзината работа се поврзуваат практичната подготовка на репертоарот, интерпретативната анализа и современите методи на изучување на пијанистичката изведба.

Повеќе години е ангажирана како уметнички соработник и пијанист во Оперското студио при Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде работи со студенти на додипломски и постдипломски студии на вокалниот отсек.

Едукативната компонента ја развива и преку предавања-концерти, разговори со публика и студенти и формати во кои концертната практика се поврзува со музичка анализа и современи методи на подготовка.

Култура и општествен ангажман

Во 2018 година Ќека учествува во организацијата и презентацијата на хуманитарниот концерт Есенска бајка во поддршка на СОС Детско Село – Скопје.

Настанот ја поврзува класичната музика со конкретна општествена иницијатива и претставува пример за нејзиното учество во културни проекти со општествена димензија.

Архива и дополнителни материјали