Skip to content
БИОГРАФИЈА · КРАТОК ПРОФИЛ

Д-р Мимоза Ќека

Концертна пијанистка · камерна музичарка · уметнички истражувач

Д-р Мимоза Ќека е македонска концертна пијанистка, камерна музичарка и истражувач, родена во Скопје и со седиште во Минхен. На 26-годишна возраст се стекнува со титулата Доктор по музичка уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во интерпретацискиот дел од докторскиот проект премиерно ја изведува Сонатата за пијано оп. 26 од Самуел Барбер и интегрално ги изведува циклусите Miroirs од Морис Равел и Во маглите од Леош Јаначек. Истражувачкиот дел е посветен на употребата на дигиталните технологии во квантитативната анализа на пијанистичката интерпретација.

Магистерските студии ги завршува под менторство на проф. Лилија Зилберштајн. Како солист и камерен музичар настапува во Прага, Рим, Париз, Милано, Трст, Сиена, Бристол, Њујорк и Истанбул, како и на значајни фестивалски и концертни сцени во Северна Македонија, меѓу кои „Охридско лето“, „Есенски музички свечености“, „Златна лира“ и „Денови на македонска музика“.

Нејзиниот репертоар се протега од барокот до музиката на XX и XXI век и опфаќа солистички, камерни и вокално-инструментални програми. Во 2022 година го издава соло-албумот Non-Fungible со дела од Ј. С. Бах, Александар Скрјабин и Самуел Барбер. Во музичката критика нејзината интерпретација е истакнувана по творечката имагинација, прецизно обликуваната динамика, артикулација и ритам, како и по изградената пијанистичка техника.

Ќека е добитничка на државни и меѓународни награди на пијанистички натпревари во Италија, Србија и Босна и Херцеговина. Од 2015 до 2017 година учествува на мастер-класи на Accademia Musicale Chigiana во Сиена, а во 2019 година е дел од проектот TEME – Transnational European Musical Entrepreneur во рамките на програмата Music Moves Europe.

Биографија

Мимоза Ќека, родена во Скопје, е реномирана македонска пијанистка, која на 26-годишна возраст се стекнува со титулата Доктор по музичка уметност при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје. Во рамки на интерпретацискиот дел од докторската дисертација премиерно ја изведува Соната за пијано оп. 26 од Самуел Барбер и премиерно интегрално го изведува циклусот ,,Огледала’’ од Морис Равел и ,,Во маглите’’ од Леош Јаначек, а во рамки на научно-истражувачкиот дел од докторската дисертација го објавува трудот ,,Употребата на дигиталните технологии во квантитативната анализа на пијанистичката интерпретација’’. Врз нејзиниот професионален и уметнички развој силно влијаaт повеќемина исклучителни уметници вклучително маестра Лилија Зилберштајн, под чие менторство ги завршува магистерските студии и се стекнува со диплома Магистер по музичка уметност.

Пијанистката Ќека настапува како рецитален уметник, како член на камерни ансамбли, пијано дуо и со симфониски оркестри. Нејзините интернационални гостувања вклучуваат концерти и солистички рецитали во Прага, Рим, Париз, Милано, Трст, Сиена, Бристол, Њујорк и Истанбул. Настапува на музичките фестивали ,,Siena Summer Festival”, на Интернационалниот франкофонски фестивал ,,Soleil”, a редовно настапува и на домашната сцена на фестивалите ,,Охридско лето” ,,Есенски Музички Свечености’’ ,,Златна Лира” и ,,Денови на македонска музика’’. За неа музичката критика ќе забележи ,,..Нејзината изведба се одликува со јасна и сугестивна творечка имагинација, со прецизно изработен динамички, артикулациски и ритмички план и извонредно изградена пијанистичка техника…’’ ,,..Ќека фасцинира со емоционалната и физичка сила, а вулканската природа – очигледен столб врз кој таа со необјасниво лесен пристап ја совладува Листовата генијална уметничка природа… “. Нејзиниот репертоар се протега од барок до современи автори, изведувајќи широк спектар на музички дела. Во 2022 година, Мимоза Ќека го издава својот соло албум Non-Fungible со музика од Бах, Скрјабин и Барбер. Мимоза Ќека е носител на високи државни и меѓународни награди на натпревари во Италија, Франција, Србија, Босна и Херцеговина и има настапувано на голем број мастер класи во престижни музички академии меѓу кои Академија Киџана во Италија. Во 2019 година таа учествува во проектот TEME (Транснационален Европски Музички Претприемач) во Италија, дел од програмата Music Moves Europe.