
Концертен пијанист | Музичко истражување и пијанистичка педагогија | Проекти
Мимоза Ќека е истакната пијанистка со високо развиена уметничка изразност, препознатлива по своите солистички рецитали, камерни настапи и интердисциплинарни проекти. Нејзините интерпретации се издвојуваат со техничка прецизност, длабочина и извонредна експресивност, за што критичарите забележуваат:
„Нејзината изведба е дефинирана со јасна и иновативна музичка концепција, суптилно обликувана динамика, артикулација и ритмичка прецизност, надополнети со високоразвиена пијанистичка техника…“
„Ќека импресионира со својата емоционална и физичка енергија, демонстрирајќи природна виртуозност и извонредна способност да ги совлада уметничките предизвици на Лист со завидна леснотија.“
Нејзиниот репертоар опфаќа широк спектар на музички стилови, од барок до современа музика, што ја истакнува нејзината интерпретативна флексибилност и посветеност кон уметничкото истражување. Во 2022 година го издаде својот соло албум Non-Fungible, со дела од Јохан Себастијан Бах, Александар Скрјабин и Самјуел Барбер. Докторира музичка уметност на 26-годишна возраст, а нејзината дисертација, „Употребата на дигиталните технологии во кванитативната анализа на пијанистичката изведба“, е препознаена по својата иновативност и интердисциплинарна важност. Во рамки на ова истражување, оствари премиерни изведби на Сонатата оп. 26 на Самјуел Барбер, Огледала на Морис Равел и Во маглата на Лош Јаначек, добивајќи признание за своите аналитички пристапи и интерпретативна длабочина.
Во текот на својата кариера, Ќека соработувала со водечки оркестри и ансамбли, учествувала на престижни меѓународни фестивали и се претставила на значајни концертни подиуми низ Европа и САД. Нејзиното музичко усовршување вклучува менторство од реномирани педагози, меѓу кои и маестра Лилија Зилберштајн, под чие водство ја стекнува својата Master of Arts диплома.
Со седиште во Минхен, Мимоза активно ја развива својата уметничка визија, комбинирајќи изведувачка, истражувачка и педагошка дејност. Преку концертни проекти, академски ангажмани и иновативни уметнички иницијативи, таа продолжува да го унапредува светот на класичната музика, градејќи влијателна и меѓународно препознатлива кариера.